Поврзете се со нас

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

Целта на работење и постоење на oglasite.mk

Почитувани корисници,

Вестите се за да се шират, тоа значи кога нешто е ставено на оглас е вест која треба да е достапна за пошироката јавност и Законот за авторското право и сродните права ова го препознава.

Така во чл. 52 ст. 1 т. 6 од Законот се дозволува, заради известување на јавноста, да се врши умножување и јавно соопштување написи, статии и други слични дела за актуелни стопански, политички, религиозни и други слични теми, без дозвола на авторот и без плаќање надомест за користење.

Но, оваа дозвола не е неограничена и безусловна.

Имено, Законот определува дека тоа умножување или јавно соопштување може да биде само до одреден степен и тоа „до степен оправдан со целта“ и под услов да биде објавен авторот и
изворот од кој се превземени.

Според „Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги“ кој ги дефинира поимите на аудио или аудиовизуелна медиумска услуга и давател на таа услуга е регулирано дека:

„Лице кое врши само пренос, односно дистрибуција на аудио и/или аудиовизуелни програми за кои уредничката одговорност ја имаат трети лица,не се смета за давател на аудио или аудиовизуелна медиумска услуга.“

Во конкретниот случај сите корисници ги известуваме дека веб сајтот : oglasite.mk е креиран единствено со цел да ги организира и сортира како агрегатор сите објави на тековни огласи, така што сите огласи објавени од различни извори за одреден тип намена се појавуваат во една група.

Уредничката одговорност и сите авторски права припаѓаат и ги поседуваат уредниците на изворниот веб-сајт.

Според „Законот за авторски права и други сродни права“ авторско дело може да се користи без дозвола на авторот со или без надоместок, само доколку делото е објавено.

Ова користење може да се врши само во посебни случаи во кои спаѓа и јавно соопштување и ставање на располагање на јавноста на авторско дело заради истражување.

Во суштина, огласите.мк користи компјутерска програма која го пресметуваме бројот на оригинални статии кои се објавени од уредниците на другите веб сајтови во делот на објавени огласи според нивното време на објавување.

Статиите и сликите кои ќе ги најдете на огласите.mk се објавени од трети страни.

огласите.mk нема уредници, нема новинари, нема персонал кој пишува или прегледува вести. Овој сајт не создава наслови или било кој друг дел од една статија поврзана со огласите и огласувачите..

Целиот процес е автоматизиран, и го извршува компјутер. Сите кои имаат потреба од некаква објава на оглас можат да почнат да истражуваат од овој агрегатор и понатаму да се поврзат со оригиналните објавувачи на огласите.